речник контакт

Во Богомила отворен Рекреативен дом со преноќиште (фото)

Го отвори Здружението на пензионери од Велес

Петар Печков

Отворен е рекреативен дом за пензионери и младинци во Богомила, кој може да се користи и како преноќиште.  Има 30 легла  а со местоположбата и висинската поставеност тој е воздушна бања. Гостите имаат на располагање и кујна, целосно опремена на плин и струја како и со садови, каде гостите можат да подготвуваат  храна.   Се отвори за големиот празник Илинден.  Претседателот на Здружението на  пензионери од Велес Веле Алексовски  одговори зошто овој дом е истовремено и пензионерски и младински.

 Секој дедо   се грижи за внучињата, ги води со себе, па така кога тие ќе дојдат  тука, ќе бидат во друштво со најмладите.   Печалиме и за идните генерации. Имаме рекреативна сала, каде ќе можат да доаѓаат  спортски екипи и тука да ги извршуваат своите подготовки за натпревари-    изјави Алексовски .  

Тој најави дека  во соработка со нив и овој Рекреативен дом, од есен во Општинската фудбалска лига  ќе се натпреварува ФК Железничар од Богомила, кој паузираше  неколку години.   Цената на еден кревет – ноќевање во Рекреативниот дом во Богомила е 150 денари.  

Во обновата и опремувањето на некогашната Општинска зграда во Богомила, каде е сместен домот, Здружението на пензионери од Велес вложи околу 35 илјади евра. Во зградата има постојано присутно ангажирано лице домаќин, мештанин на Богомила, па така вратите се постојано отворени.  

Ова е втор објект кој Здружението на пензионери до Велес го отвори годинава, по тој во Отовица. Од есен се најавува  дека ќе започнат градежните работи на санација и изградба на Рекреативен дом во селото Ораовец, во зградата на поранешниот училиште, каде ќе има можност да прими 20-тина гости.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »