Петар Печков
Објавено: сабота, 27 јануари 2018
МВР информира за повреден жител на скопско, кој ноќеска бил донесен во велешката болница, со прострелна рана од огнено оружје.
На 27.01.2018 година во 01.15 часот во Полициска станица Велес, медицинско лице од Општа болница-Велес пријавило дека бил донесен повреден З.Б.(42) од с.Визбегово. Тој имал рана во десната потколеница нанесена од огнено оружје – пиштол. Како итен случај препратен е во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје- пишува во соопштението на МВР
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Tweet |