Петар Печков
Објавено: среда, 31 март 2021
Во последните 24 часа, во велешко се регистрирани 68 нови случаи на позитивни на ковид-19 а оздравени се 23 лица, соопшти Министерството за здравство. Со тоа активни се 696 случаи а досега зараени има 4.486 лица.
„Починати сe двајца пациенти маж на 70 годишна возраст, лекуван на Инфективно одделение четири дена и жена на 68 годишна возраст лекувана еден ден на Инфективно одделение. И двете лица се од Велес, позитивни на ковид-19. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На кислородна поддршка се 41 пациенти“ – кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 88 пациенти, од кои 67 се потврдени позитивни, 13 сомнителни и осум пациент со негативен брис но задржан на болничко лекување. Од лежечките пациенти, на Инфективно одделение се 53, на Интерно 12 и во Модуларна болница 23.
Tweet |