Петар Печков
Објавено: четврток, 17 јуни 2021
Во велешка Болница хоспитализирани се четворица пациенти, од кои еден е потврден позитивен, двајца се сомнителни и еден пациент е со негативен тест но задржан на болничко лекување. На Инфективно одделение е еден пациент а на Интерно се тројца.
„Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест за ковид-19. На кислородна поддршка се двајца пациенти“ - кажа д-р- Елеонора Јованова портпарол на Болница Велес.
Оздравениот пациент е од Велес, но не е внесен во здравствениот билтен на Институтот за јавно здравје, за изминатите 24 часа. Така останува бројот на активни случаи од три лица, бидејќи нема ново заразени и нема оздравени, во периодот кога е составен билтенот.
Tweet |