речник контакт

Во Вардар до гуша, за парче леб

Утрово беше минус десет, водата пет плус а јас во неа. Не знаеш каде е поладно, дали внатре, дали надвор

Петар Печков

На  два степени над нулата, по студено време и ладен Вардар двајца велешки риболовци со денови се во неговото корито, со надеж да фатат што повеќе парчиња риба. Така ќе имаат нешто и да продадат и да однесат дома парче леб за семејството. Велат ова не е хоби, туку опстанок, борба за гол живот.

Утрово беше минус десет, водата пет плус а јас во неа. Не знаеш каде е поладно, дали внатре, дали надвор. Ама мора нешто да се фати, да се преживее. Да се разбереме хоби е едно, опстанок е друго. Ние сме тука за фамилијата да ја прехраниме, не оти немаме каде да го минеме времето. Со социјална помош од две илјади денари живееме тројца  - вели Мемо како што  се претстави.

Тој бил вработен во Фабриката за вештачко ѓубриво ХИВ. По нејзиното затворање е на улица.  Дома парче леб од него чекаат сопругата и детето. И неговиот колега по јадица има иста судбина. И тој има тричлено семејство, невработен е.  Со стар сув леб кој го купуваат по ниски цени, сакаат дома да донесат тазе вруќ денешен. Стариот служи како мамка за рибите.

Секој ден сум тука овој месец и секој ден иста прикаска, чекаш јадицата да се помести, да фатиме парче риба. Сите денови по улов не се исти. Некој пат не вадиме ич риба, со празни раце се враќам дома, само студот го собираме. Се случувало по цела недела дома леб не сме јаделе. Сме позајмувале пари, па кога ќе уловам ќе ги вратам.  Ниски температури, водата студена ама што да се прави, избор нема. Борба за опстанок, како рибата што се бори  да не ја уловиме така  и ние се бориме за парче леб, да однесеме дома на фамилијата. Во другиот дел од годината може да се работи градежништво,  земјоделие, сега е зима  и избор нема – објаснува  Ѓоре Митрев.

Нивниот улов зависи од нивото на реката Вардар, час е ниско, час високо, има денови кога можат да уловат по 2-3 кг, кои значат до 450 денари  приход. На прашањето дали се свесни дека да се стои во Вардар среде зима не е здраво и дека еден ден ќе се одрази на нивното здравје и двајцата со ист одговор. ,,Јасно ни е дека не е здраво, ама мора да детето дома леб да му однесеме. Не сме тука затоа што сакаме, тука затоа што мораме,,. Со грутка во грлото ја изговорија последната реченица. Им посакав ,,бистpо,, 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »