речник контакт

Во Велес, денес вторник еден ново заразен со ковид-19

Во општината има 50 активни случаи. Оздравени се трите лица, здравствени работници кои беа позитивни од Центарот за јавно здравје Велес

Петар Печков

Откако два дена,  неделата и понеделникот, немаше ново заразени со ковид-19, денес во Велес е регистриран еден нов случај. Тоа е лице  кое решило да се тестира во болницата  Систина во Скопје и неговиот тест се покажал позитивен.

Во Велес има денес  50 активни случаи со корона вирус.  Оздравени се трите лица, здравствени работници  кои беа позитивни од Центарот за јавно здравје Велес, откако два последователни теста биле негативни.

На Инфективно одделение при велешката болница се наоѓаат  23 пациенти, сите позитивни на ковид-19, едно лице е отпуштено откако неколку дена лежело таму но покажал негативен тест на земениот брис.

Еден пациент  57 годишен велешанец, денес бил пренесен на Инфективната болница во Скопје, откако му се влошила здравствената состојба.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »