Петар Печков
Објавено: петок, 29 мај 2020
Изминатото деноноќие во Велес е регистриран нов случај на позитивен со ковид-19. Тоа е здравствен работник од приватното здравство, кој подолго време не одел на работа. Засега според епидемиолошката анкета, не може да се прецизира на кој кластер припаѓа, бидејќи пациентката не посочила дека имала контакт со заразено лице, посочија од Центарот за јавно здравје.
Ова е 30-ти активен случај на корона вирус во велешко. Велешкиот случај е еден од 52-те нови регистрирани случаи во земјава денес. Во Велес има еден оздравен и тоа лице кое престојувало во домашни услови а имало два негативни резултати од земениот брис.
На денешната прес -конференција градоначалникот Аце Коцевски кажа дека сите вработени во детските градинки, на кои им беше извршен скрининг, биле негативни.
Две лица од Велес, позитивни на ковид-19 се наоѓаат во Скопје на Инфективна клиника и во Болницата 8- ми септември. На Инфективното одделение на велешка Болница има хоспитализирано 14 пациенти, си позитивни на ковид-19.
Во велешко има седум нови или вкупно 53 лица во изолација и едно во самоизолација, 17 позитивни лица се наоѓаат во домашни услови. Дваесет велешани, повратници од странство се наоѓаат во државен карантин.
Tweet |