Петар Печков
Објавено: среда, 14 јануари 2015
Од почетокот на годинава во Велес нема заболени од грип, според податоците на Центарот за Јавно здравје. Бројките кои ги добиле од матичните доктори се дека во овие десетина дена од новата година, нема лица кои биле болни од грип. Но постои опасност во наредниот период, кога учениците ќе тргнат на училиште, грипот да се појави.
Циклично во овој период од годината се јавува ова вирусно сезонско заболување. Можеме да очекуваме во наредниот период да имаме зголемување на бројот на заболени лица - вели епидемиологот д-р Билјана Трајковски.
Таа препорачува болните да ги земаат потребните лекарства а останатите да користат повеќе овошје да пијат топли чаеви, миење раце и граѓните да не се собираат во поголем број во затворени простории. И ако е така да се проветрува просторијата што почесто.
232 болни од грип имало лани во јануари а за целата 2014 година имало 1608 заболени, најмогу во февруари 857 пациенти.
Tweet |