Петар Печков
Објавено: петок, 17 април 2020
Центарот за Јавно здравје Велес соопшти дека денес во Велес се регистрации три нови случаи на пациенти позитивни на Ковид-19.
Според надлежните се работи за двајца пациенти поврзани со веќе постоечки кластер кои се наоѓаат на лекување на инфективното одделение во општата Болница во Велес.
Eден пациент e потврден во клиниката „Жан Митрев“.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Велес изнесува 43 лица.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјава изнесува 1.117 лица.
Tweet |