Петар Печков
Објавено: среда, 20 мај 2020
Изминатото деноноќие во Велес е регистриран еден случај на позитивен на ковид-19 а едно лице заразено, се води како оздравено откако на два теста покажал негативни резултати од земениот брис. Ова го соопшти Министерството за здравство.
Имаме заразен пациент на 86 годишна возраст, чиј кластер не може да се прецизира. Ставени се под надзор неговото семејство, ќе видиме што ќе покажат епидемиолошката анкета - изјавија од Центарот за јавно здравје.
Во велешко до денес има 65 оздравени и 53 активни случаи, од нив 25 се на домашно лекување, 23 на Инфективно одделение, шест се на лекување во Скопје. Во Велешко досега се евидентирани 126 случаи на позитивни од корона вирусот, од нив осум лица починале.
На Инфективното одделение при велешка Болница денес има 23 пациенти кои се хоспитализирани, сите позитивни на ковид -19, а еден е пуштен вчера попладне како оздравен по два негативни теста на земениот брис.
Вкупно со Решение во изолација има 130 во Велес а со Изјава за самоизолација има 16 лица во Велес.
Tweet |