речник контакт

Во Велес и велешко, нема повеќе корона вирус

Изминатите денови оздравени се двата случи кои беа позитивни

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека во изминатите 24 часа во велешко оздравени се два пациенти, кои се воделе како позитивни.

Со ова повеќе нема активни случаи на корона вирус во Велешко.

Oсвен во Велес и во 21 друг град во Макеоднија, нема регистрирано активен случај на корона вирус.

Во Велес  првите три случаи на заболени од корона вирус беа регистрирани на 25 март лани и  од тогаш се до денес постојано имаше активни случаи. Некои денови достигнуваа и до 693 пациенти, на 23 март годинава. 

Починати се 175 лица од последици на ковид заразата  а беа заразени 5474, граѓани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »