Петар Печков
Објавено: петок, 19 јуни 2015
Под мотото ,,И јас сум човек,, се одбележа 20-ти јуни Светскиот ден на бегалците. На платото пред Новиот театар во Велес волонтери од повеќе граѓански здруженија делеа флаери, балони, се читаа пораки за еднаквоста помеѓу луѓето.
Настанот беше организиран од Високиот Комесаријат за бегалци при Обединетите Нации – Канцеларија во Скопје (УНХЦР) и Црвен крст на Македонија. Проценките се дека од први јануари до 31 мај низ Македонија минале повеќе од 22 илјади бегалци од најмногу од Сирија, Авганистан, Сомалија, Јемен,Еритреја, Камерун.
Благодарам до граѓаните на Македонија кои им помагаат на луѓето во неволја и ги намалуваат нивните маки, на патот од Гевгелија до Куманово. Благодарност и до Владата која го промени законот за азил. Со овој нов момент, можеме полесно да им излеземе во пресрет на бегалците а тие можат да патуваат со јавниот превоз низ земјава во рок од 3 дена па да ја напуштат и да бидат третирани похумано. Многу е важно брзо и ефикасно имплементирање на овој нов Закон - рече Ариф Мохамед шефот на канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци при ООН во Скопје.
Тој не можеше да каже колку бегалци минале низ Македонија изминатите 10 месеци, оти во Македонија не постои регистрација на луѓето, бидејќи најголем број влегуваа досега илегално. Мохамед ги презентираше бројките од регистрани бегалци во Србија, околу 22 илјади а според него најголем број од нив минале низ Македонија. Затоа пак ја соопшти бројката на регистрани лица кои побарале азил во земјава а тие биле околу 900-тини.
Во општина Скопје работат два транзитни центри во кои на мигрантите им се обезбедуваат привремен престој, храна, облека и примарни здравствени услуги а од почетокот на месецов две екипи на Црвениот крст се на релацијата Скопје - Гевгелија со лекарска помош за бегалците. Ова се дел од активностите на УНЦХР и Црвениот крст, кои заеднички помагаат во надминувањето на страдањето на мигрантите.
Годинашнава порака ,,И јас сум човек,, сакаме да ја пренесеме до сите на планетава, и бегалците се луѓе. Нив им е потребна хуманост и поддршка во нивната очајна состојба. Затоа не сакам да зборувам за затворање на граници, ние како УН агенција сме тука да помогнеме бегалците да ги намалат своите страдања и побараат азил во земјата каде сметаат дека ќе имаат подобар живот - изјави Луиза Витон Постојан координатор на ОН во Македонија.
На настанот беше присутен и д-р Бертран Демулан, претставник на УНИЦЕФ во Скопје. И оваа организација покажува солидарност со бегалците кои се не минување низ Македонија. Тие работ3еле со најмладите
Ние како УНИЦЕФ се грижиме за малолетниците и децата згрижени во транзитниот центар во Гази Баба, тие да не бидат жртви на трговијата со луѓе. Секојдневно со МВР работиме најмладите да не бидат затворени во тој центар, таму не им е местото и да бидат надвор - изјави Демулан.
Tweet |