речник контакт

Во Велес 172 таксисти со сертификат

Легалните се жалат на дивите таксисти, патниците на условите во автомобилите, надлежните бараат координација на институциите

Петар Печков

 Во Велес има 172 возачи кои сертификат за таксисти, додека во поширокиот круг на општината, Градско и Чашка има уште 53 уверенија. Ова е обврска од пред некоја година  при што   за возилото е потребна такси лиценца, а возачите треба да  имаат сертификат.

 За добивање на овој сертификат реализирани се десет полагања, а 11-тото е закажано за в четврток со почеток во 19,30 часот во зградата на Општината.  Согласно  Законот за превоз во патниот сообраќај, секој возач кој управува со такси возило односно врши автотакси превоз треба да поседува сертификат за автотакси возач.

Легалните таксисти барат решавање на проблемот со  нелегална конкуренција, дивите таксисти и паркинг просторот.  Неофицијалната бројка на дивите таксисти во градот е околу 250. 

 Градоначалникот Чадиев пак бара поддршка од другите надлежни институции, инспекциите, полицијата и судот во борбата со дивите таксисти.  

Патниците очекуваат подобри уислови во возењето и пред се користење на фискалните апарати, кои повеќе слуажт како декор, отколку што се во функција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »