Петар Печков
Објавено: сабота, 17 октомври 2015
Синоќа во Ликовниот салон во Велес свечено беше отворен 13-от Интернационален салон на стрип „Велес 2015“.Отворањето беше со изложба каде беа промовирани стрипови од специјални стрп автори гости, како и наградените и подобрите македонски стрип автори по интернационалниот конкурс за стрип. Беа врачени и наградите од меѓунаорднито стрип конкурс на кој учествуваа рекордни 228 дела од цел свет. Н
аградата „Златен стрип 2015“ во нивно отсуство беше доделена на Дан Ианос од Романија и Аљоша Томиќ за колор и Марко Стојановиќ за сценарио, од Лесковачката школа на стрип од Србија. Втората награда во нивно отсуство беше доделена на Навид Булбилија за цртеж и Адмир Хаџимуртезиќ за сценарио и двајцата од од Босна и Херцеговина. Втора награда доби и Марија Конопатова од Русија. Трета награда добија Игор Крстиќ за цртеж и колор и Ненад Пејчиќ за сценарио и двајцата од Србија.Трета награда примија и Александар Стеванов за сценарио и Јована Велинова за молив од Македонија и Анастасија Великанова за туш и колор од Русија.Награда за најдобар цртеж доби Иван Стојановиќ –Фики од Србија, а награда за сценарио Кирси Салонен од Финска,а беа доделени и признанија за најмлад и најстар учесник и други.
Како што потенцира за медиумите Ване Трајков годинава на Интернационалниот стрип конкурс пристигнале рекордни 228 дела од 42 земја што далеку го надминува претходниот рекорд од 168 стрип стрип дела. Освен од Македонија на Стрип салонот во Велес годинава учествуваат и познати стрип автори од Турција, Албанија, Србија и Косово. Тие за љубителите на стрипот од Велес во наредните два дена ќе организираат стрип работилници.
Во рамки на Салонот ќе биде отворена и стрип берза, а меѓу активностите посетителите и учесниците ќе можат да разменуваат искуства и да разговараат на тема стрип уметност. Тој е во организација на Стрип центарот на Македонија од Велес финансиски поддржан од Министерството за култура и Фондацијата „Принц Аус“ од Холандија.
Tweet |