речник контакт

Во Велес во третиот турнус се вакцинираа 320 лица со кинеска „Синефарм“

Досега во велешко, во Здравствен дом се вакцинирани 1,4 илјади лица, од повозрасната група

Петар Печков

 Денес сабота заврши третиот турнус, на вакцинација против ковид-19. Како и со вториот и со овој се вакцинираа со кинески „Синофарм“.  Се вакцинираа лица, кои добија термин, преку платформата вакцинација. мк . 

Вакцинацијата се извршуваше во пунктот во Здравствен дом Велес.  Досега во велешко, вакцинирани се во Здравствен дом Велес 1,4 илјади лица, повеќето од повозрасната категорија, со вакцината  „АстраЗенека“  824 а 570 со кинески „Синофарм“. 

Од Здравствен дом, засега немаат информации дали и кога ќе продолжи вакцинација против ковид-19, во нивните простории.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »