речник контакт

Во Велес два нови случаи на ковид -19

Заболени се средношколец и полициска службеничка, која работи во ПС Петровец

Петар Печков

Во Велес во изминатото деноноќие регистрирани се два нови  случаи  на заразени  со ковид -19. Ова го соопшти министерството  за здравство напреку соопштение на нивната веб страница.

Станува збора за средношколец и полициски службеник вработена во ПС Петровец.  Со ова вкупниот број на заразени   со корона вирус во велешко стигна до бројката осум. Двете ново заболени лица  не  го добиле вирусот  од  првите шест заболени. 

Во Македонија до пладне, во текот на изминатите 24 часа  регистрирани се  46 ново заболени а во земјава има вкупно  430 лица. Ново заболените се од  Скопје 13, Куманово 23, Дебар 2, Прилеп 1, Тетово 2, Гостивар 1, Гевгелија 2.   

Во изминатото деноноќие направени биле  389 теста од кои преку Институтот за Јавно Здравје  222. Преку Ветеринарен факултет 13, лабораторија Авицена 22, Биотек 20 и Филип Втори (Жан Митрев) 112. Досега во земјата биле направени 4.506 тестирања на Ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа, починале двајца пациенти, едниот на 70 годишна возраст од Куманово и вториот на 68 години од околоината на Тетово. Со тоа досега во Македонија има починато 13 лица а 20 се  излекувани, откако денес тројца пациенти се испишани од болница. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »