речник контакт

Во Велес два нови случаи со ковид-19

Во велешко досега биле земени за тестирање брисеви на 353 лица

Петар Печков

Центарот за Јавно здравје од Велес информираше дека изминатото деноноќие во градот се регистриран и два нови случаи на лица позитивни со ковид-10.  Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во градот изнесува 36 лица.

Од Центарот дополнуваат дека се работи за маж на 62 годишна возраст кој е веќе хоспитализиран во инфективното одделение при општата болница во Велес, и жена на 53 години потврдена од лабораторијата во Авицена. На состојбата со ковид-19 во Велес се осврна и градоначалникот на денешната прес конференција.

Загрижува податокот дека имаме позитивни на вирусот во една текстилна компанија, која веќе не работи и во еден голем продажен објект за прехрана. Ќе видиме какви ќе бидат насоките, дали тој ќе продолжи со работа или не - кажа градоначалникот  Коцевски. 

Тој информираше дека досега во Велес биле  земени 353 брисови за  тестирање и позитивни се 36. на инфективното одделение лежеле 21 пациент, 11 се со  докажано присуство на корона вирусот, за 10 се чекаат резултатите. Три биле со лесна клиничка слика, 18 со потешка а еден пациент е префрлен на Инфективна клиника во Скопје. 

Коцевски напомена дека четири вработени лица од лабораторијата при ЈЗУ Здравствен дом биле  превентивно во самоизолација, бидејќи кога пациенти дошле да земаат примерок од крвта, не пријавиле  дека биле во контакт со лица заболени од ковид-19. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »