Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 септември 2021
Според информациите од належените институции во Велес, во училиштата во општината има вкупно девет ученика кои се позитивни на ковид-19, три од основното образование и шест од средното. Ова на прес конференција го соопшти градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Позитивни се и двајца директори, еден од основно и еден од средно, двајца наставници, еден педагог и еден психолог од основно училиште и една хигеничарка во детските градинки.
„Осум ученици од основните училиште се во изолација и две паралелки од Гимназијата. Во изолација се учениците кои што не се вакцинирани. Ако се земе во обѕир вкупниот број на ученици, оваа бројка не влијае на одвивањето на наставата“ - кажа Коцевски.
Тој потенцира дека ова е состојбата во велешко заклучно со денес претпладне и се однесува од почетокот на наставата оваа учебна година.
Tweet |