Петар Печков
Објавено: петок, 16 април 2021
Во Општина Велес во тек е теренско – третирање од земја, против ларви од комарци. Од локалната власт соопштија дека се врши на територија од седум хектари, покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание се посветува на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување.
„Во изминатите две недели ДДД – службата од Центарот за јавно здравје – Велес спроведе ларвицидно третирање против комарци на територијата на Општина Велес. Со третирањето се опфатени сите реони во територијата на Општина Велес, каде има застојана вода и постојат идеални услови за размножување на комарците. Третманот се врши со препаратот Биопрен 4ГР, ларвицид во форма на гранули, кој е безопасен за луѓето, домашните животни и пчелите. Доколку дозволат временските услови, ларвицидното третирање треба да заврши до крајот на оваа недела“ - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, директор на Центарот за јавно здравје Велес, институција беше избран за оператор на овие активности.
Теренско третирање е извршено на крајбрежјето на Езерото Младост, месност Јарбош, по течението на реката Вардар, Градскиот парк, Младинскиот парк, Градскиот стадион, реонот на Потокот, како и фонтаните во градот.
Ларвицидното третирање е општа мерка за заштита на населението од заразни болести и е предвидена воПрограмата за активности на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2021 година. Локалната власт најавува дека од месец мај ќе започне со авионско прскање против комарците.
Tweet |