Петар Печков
Објавено: сабота, 22 мај 2021
Изминатите 24 часa во велешко има еден случај на лцице ново заразено со кoвид-19, оздравени нема. Ова е информација која ја објави Институтот за јавно здравје. Во велешко има активни 72 случаи а досега биле заразен5.464 лица
„На кислородна поддршка се пет пациенти. Испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Во велешка болница се хоспитализирани 18 пациенти, од кои осум се потврдени позитивни,еден сомнителен и девет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На Инфективно одделение се шест во Интерно четири и во Модуларнате болница осум.
Tweet |