Петар Печков
Објавено: петок, 05 април 2013
Денес, петок, напладне во Велес врнеше дожд помешан со песок. Ова за граѓаните несекојдневна појава траеше кратко, десетина минути. Но трагите од песокот останаа на хаубите од автомобилите.
Од УХМР велат дека обоениот дожд е вообичаена појава која што се јавува при јужни воздушни струења. Појаснуваат дека поради јужните воздушни струења се јавува транспорт на песочен материјал од Северна Африка, па затоа во одделни делови на Република Македонија дождовите се обоени.
На овој дожд најмногу се израдуваа вработените во автопералните. Тие ќе имаат викендот полни раце работа.
Tweet |