речник контакт

Во Велес засега нема кандидат за независен градоначалник, ниту за независна листа на советници

Нема ниту во Градско и Чашка, во Кавадарци има четири пријави на листи за советници, Демир Капија и Лозово по две, Неготино и Росоман нема

Петар Печков

Денес понеделник е последниот ден, кога со само два потписи може да се стане кандидат за градоначалник  и листа на советници.

Во подрачните единици на Државната изборна комисија во Велес, до пладне немаше поднесено листи за потпишување и за градоначалник и за членови на Совет. Во оваа канцеларија се поднесуваат листи и за Општините Градско и Чашка. 

Во подрачната единица за подрачјето на општините Кавадарци и Росоман, има четири пријави за листа за советници за Кавадарци.

Во подрачната единица за подрачјето на општините Неготино и Демир Капија, има две пријави за листа за советници за Демир Капија.

Во подрачната единица за подрачјето на општините Свети Николе и Лозово, има две пријави за листа за советници за Лозово. 

Вечерва, понеделник,  канцелариите на Државната изборна комисија работат до полноќ. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »