речник контакт

Во Велес зголемен бројот на деца со вирусни респираторни заболувања

Понеделник ќе се знае дали има епидемија или не

Петар Печков

 

Изминатите неколку дена од новата година во Велес драстично е зголемен бројот на болни со вирусни респираторните заболувања, претежно деца од претшколска и школска возраст. Епидемија на грип се уште не е прогласена.

Во амбулантите во Велес за преглед се чека и по неколку часа. Децата со компликации итно се праќаат на лекување и интензивна терапија во  Детското одделение при Градската болница во Велес. Дека двојно и тројно е зголемен бројот на  болни деца кои  лежат на ова одделение, за МИА потврди педијатарот д-р Зорица Гашева.

Лекарите информираат дека се чекаат наодите од биохемиската лабораторија и  мислењето на стручњаците од Заводот за здравствена заштита во Велес.

Епидемиологот д-р Билјана Трајкова од Заводот за здравствена заштита во Велес информира дека  в понеделник  очекуваат да добијат збирна информација од сите амбуланти во градот.

Според лекарите, добро е што децата се на зимски распуст, инаку бројот на заболените од вирусот би бил уште поголем.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »