Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 мај 2010
Според податоците на Заводот за здраствена заштита, од почетокот на годинава до денеска во Велес и Велешко има само едно лице заболено од бруцелоза.
Тоа значи дека болеста се искоренува од овие простори односно дека сточарите и потрошувачите на млеко и млечни производи стануваат се посвесни за своето здравје, вели д-р Билјана Трајкова епидемиолог од Заводот за здравствена заштита.
Болеста најчесто ја добиваат сточарите и ветеринарните работници кои доаѓаат во допир со заболената стока, овци и кози. Болеста кај луѓето се пренесува и со пиење на не извриено млеко и младо сирење кое не стоело три месеци.
Медицинските екипи од Заводот за здравствена заштита вршат испитувања на примерок од крвта кај лица кај кои се сомневаат дека се заразени со оваа болест, и на тој начин ја откриваат болеста. Бруцелозата кај луѓето се лекува, но остава последици по здравјето, предупредуваат лекарите.
Tweet |