речник контакт

Во Велес и Чашка едукација за родово базирано насилство

Поделен бил и печатен едукативен материјал

Петар Печков

Полициски службеници од СВР Велес, во Велес и Чашка реализираа превентивни активности на темите „Има помош за живот без насилство“ и „Не биди нем сведок“, со цел спречување на појавата на секој вид родово базирано насилство. 

„Во рамки на активностите беше ставен акцент на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој. Во непосредна комуникација, беа давани насоки и за тоа што можат граѓаните да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство“ – соопштија од МВР.

Од страна на полициските службеници била потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство, а поделен е и печатен едукативен материјал.

 фото МВР

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »