Петар Печков
Објавено: сабота, 14 декември 2013
Факт е дека градот кубури со паркинг простор. На ова тема се потрошени многу зборови и напишани многу текстови. Не е ништо ново. Но интересно е д се види како велешани се снаоѓаат со место за паркирање, кога го нема.
Така доградбата до Стариот мост, лепенка уште една лента од мост е паркинг простор. Така е со години. И дел од приодот до Железен мост, во месноста Дворови на патот до Економска, служи како паркинг, простор.
Сограѓаните кои таму ги оставаат автомобилите имаат и предлог до локалната власт,д а ги асфалтира тие 50-тина метри од Железен мост, за да не возат о камен. На фотографиите може да се види како мостовите во градот се единствени по тоа што служат како паркинг простор.
Tweet |