речник контакт

Во Велес изложба на икони од Крсте зограф, стари и по два века (фото видео)

За прв пат во јавноста се претставени икони дело на Крсте зограф од Велес, на изложбата во неговиот роден град

Петар Печков

За прв пат ред велешката и македонска јавност се претставени иконите, дело на Крсте Зограф од Велес. Тој работел и цртал, творел во периодот од втората до четвртата деценија на 19 век. За неговото дело малку е познато, од стотината икони кои се евидентирани.

Повеќето од нив се во Велешко и Повардарието. Во безмалку секоја црква во Велес има икона на Крсте Зограф. Цртал  и бил активен и во Црквино, Уланци, Грнчишта, но може да се најдат негови икони и во Ваташа- кавадарчко, Смоквица- гевгелиско, како и во Дреново – прилепско. 

„Изложбата е во вистински момент,за да се афирмира името на Крсте Зограф, кој незаслужено е настрана од стручните и општествени кругови. Не го познаваме доволоно. Ова можеби ќе биде иницијатива за подетално истражување на неговиот живот и дело.  Со овие познати икони, не сме го затвориле неговиот творечки опус, претстои работа да се комплетира неговото творештво. И  еден ден да имаме можност за негово монографско претставување“ – кажа Дарко Николовски промотор на изложбата.

Крсте Зограф, не ги потпишувал неогвите икони. Само на девет од нив е најден негов потпис, дека тој е авторот. Најстарата изложена икона е Св. Архангел ја мачи душата на богатиот, која се чува во параклисот Св. Ѓорѓија, нацртана е 1815 година.

Крсте Зограф на изложбата  е претставен со 14 икони и 20 фотографии од икони, кои не можат да се преземат од црквите каде се наоѓаат и претстават мна изложбата. Тој заедно со Теодосиј зограф се најпознатите зографи од Велес, кои работеле низ Македонија.

Автор на изложбата е Елица Николова од Народен Музеј Велес која истражувањето на творештвото на Крсте зограф го започнала пред две години. Негови икони има и во  манастирот  во село Горно Чичево во црквата во  Богомила, во црквата во село Папрадиште.

„Работел по светогорски влијанија и подлошки , изградил сопствен ракопис. Крсте зограф не се потпишувал на сите икони, бидејќи ги работел повеќето во една црква и се потпишувал на само една. Можеби и била скромност во прашање. Тоа била пракса и кај други зографи во тоа време. Преку неговите икони, преку потписите, текстовите,  неговиот ракопис,  може да се следи генеолошкото стебло на одредено семејство. Значајно за нас како велешани, и тоа што се гордеме, што неговиот син Хаџи Косте  на неколку фрески се потпишал како зограф и фотогараф. Што упатува дека во Велес имало фотограф уште во средината на 19 век. Неговиот син работел и фрескоживопис,  во Македонија но и во Јужна Србија, Косово и Метохија, Бугарија“ – објасни авторката Николова.  

Изложбата е дел од годишната програма на Министерството за култура, во обласа на музејската дејност.  Оваа изложба  е еден од  најзначајните културни настани годинава во градот, оти за прв пат пред јавност се претставуваат икони од  Крсте Зограф, иконописец  од Велес. Изложбата е поставена во Ликовен салон и ќе биде отворена следните две седмици.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »