Петар Печков
Објавено: четврток, 09 април 2020
Нови осум случаи на заболени со ковид-19 во Велес се регистрирани изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Така бројката на досега заболени во градот стигна до 18 случаи.
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на корона вирусот.
По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Велес – 8, Струга – 2 , Тетово -1, Кочани – 1, Пробиштип – 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица.
Tweet |