речник контакт

Во Велес има 1142 заболени од рак

Велешани најмногу умираат од болести на циркулаторниот систем, потоа од рак. Има забележани и 17 машки случаи на рак на дојката

Петар Печков

 Бројката на заболени од рак во Велес е константна се движи околу 1142 лица, од нив 603 се жени и 539 мажи. Најмногу од нив една четвртина се случаи на рак на дојката, кој го има двапати повеќе од карциномот на дробовите и кожата, кои се на второ и трето место а потоа следи типично машка болест рак на простатата. Останатите видови на рак во градот  се присутни во многу мал и низок процент.

Ова се податоците од Центарот за јавно здравје во Велес и од таму велат дека тие  се движат во тие рамки  во периодот во последните пет години, од 2007-ма до 2011- та година, со помали отстапувања. Од  260-те заболени   велешани од рак на дојката има и 17 мажи. Според статистичките податоци во 2010-тата година  во Велес починале 695 лица, од кои секој трет или 427 од  болести на циркулаторниот систем а потоа следат неоплазмите со 20 отсто или секој петти велешанец починал од  некој вид на рак.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »