Петар Печков
Објавено: петок, 04 октомври 2019
Според спроведениот регистар на станбени згради во општина Велес има 181 зграда за колективно домување, од кои 14% згради имаат лифт, а 27% имаат деловни простории. Најстарата зграда е изградена во 1935 година. Највисоки се двете згради кај пазарчето во Нова населба со по 14 ката а еден помалку, 13 има зградата спроти нив.
Ова се резултатите од истражувањето кое го изврши Хабитат Македонија. Тие истражувале каква е состојбата и со крововите, фасадите, прозорците, начинот на греењето во становите во овие згради.
Состојбата со крововите е 53 отсто немаат изолација, 26,4 отсто протекуваат, 15,7 отсто имаат термо изолација а кај 2,5 отсто иако имаат термо изолација прокиснуваат.
Состојбата со фасадите е следна: 58,5 без термо фасади и неоштетена, 27,7 оштетена, 12,6 отсто се со термо фасади и 1,3 се оштетени иако имаат термо фасади.
Состојбата со прозорците до 30 отсто имаат 73 отсто, до 70 отсто од прозорите во стан имаат 17,7 и 9,3 отсто имаат поставено во стан над 70 отсто од прозорите.
Начин на греење во зградите е 61 отсто на дрво и пелети, 38 на струја.
Tweet |