Петар Печков
Објавено: сабота, 06 ноември 2010
06-ти Ноември е Светски ден на дијабетичари, во Велес се одбележа со предавање и акција на проверка на шеќерот во крвта, го организираше велешкото Здружение ,,Дијабет,,.
Благодарност до докторките Елена и Снежана, кои многу ни помагаат во нашето лекување. Здружението брои две илјади членови од Велес, 1.100 се со инсулински инјекции останатите со апчиња – изјави Спасе Петровски претседател на Здружението на шеќерни болни ,,Дијабет,, од Велес.
Tweet |