речник контакт

Во Велес лизганица среде лето

Се излеа моторно масло, настрадаа мотористите

Петар Печков

Најмалку тројца мотористи паднаа, откако се лизнаа на масло  кое истекло од превозно средство.  Ова се случи претпладнево, во центарот на Велес,  на улиците Гоце Делчев и Страшо Пинџур. Истеченото масло е  во должина од околу 200 метри. Лицата од околните дуќани уште рано претпладневно бараа да се санира опасноста, поради лизгавиот коловоз.

Ова се случи после 8 и пол. До тогаш немаше ништо, улицата беше чиста. Потоа кога излегов околу 9 веќе имаше долга лента на истечено масло. Не можам да кажам од што е, дали мотор, дали автомобил, камион  или трактор, ама беше многу лошо – вели  еден од сопствениците на продавниците кои работат на овој потег од градот. Нема сведок кој ќе посочи кој е сторителот на овој сериозен прекршок.

Најмалку тројца мотористи паднаа, откако се лизнаа на маслото. По некое време кај 11 дојде трактор на Дервен истури  земја и се покри  моторното масло. Сигурно треба да  се најде сторителот, оти еден до  посериозните прекршоци е излевање на масло на јавна површини. Згора на тоа во овој случај беа доведени во прашање и учесници на сообраќајот, кои за среќа минаа само со падови и   полесни повреди- вели друг сопственик на дуќан на овој потег. 

Маслото започнало да тече од споменикот кај Коњот  и го има се до плоштад Сармаале. Истото сега е покриено со земја и отстранета опасноста. Од СВР Велес го потврдија настанот и велат дека се бара сторителот на  ова прекршочно дело.   Тоа иако се случи во центарот на градот, никој не го виде а последиците ги почувствуваа повеќемина.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »