Петар Печков
Објавено: вторник, 06 март 2012
Според податоците на Заводот за здраствена заштита во Велес годинава се регистрирани само 6 граѓани заболени од сезонски грип, од кои двајца во јануари, а четворица во февруари.
Ова е минимално и незабележително споредено со овој период минатата година кога имаше рекордни пет илјади заболени од грип,потенцира др. Билјана Трајкова, епидемиолог од Заводот.
Според неа, тoa се должи на поповолните временски услови годинава, кои не придонесоа за ширење на грипот.
Инаку, годинава против сезонски грип во Велес во Заводот за здраствена заштита се вакцинираа 800 граѓани. Во целото Повардарие, вклучувајќи ги градовите Кавадарци, Свети Николе и Неготино, екипите на Заводот за здраствена заштита за оваа сезона вакцинираа 2.500 граѓани.
Tweet |