Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 мај 2012
Вредноста на доделените кредитите е 1,4 милиони евра, а субвенциите што ги дава Владата се 271.239 евра
Министерството за финансии ги додели првите 50 субвенционирани кредити од проектот „Купи куќа, купи стан“. Вредноста на доделените кредити е 1,4 милиони евра, а субвенциите што ги дава Владата се во износ од 271.239 евра. Најголемиот број од барањата на клиентите биле за пола-пола рата или 242.948 евра, додека за вториот модел за половина учество интересот бил помал, и субвенциите изнесуваат само 28.291 евра.
Од доделените кредити 38 се за купување нов стан, пет за изградба на нова куќа, три за поголем стан и четири за надградба на куќа. Триесет од кредитите се доделени во Скопје, од кои 11 во Аеродром и во Кисела Вода, шест во Ѓорче Петров и по еден кредит во Гази Баба и Карпош. Во Битола се доделени седум кредити, по два во Струмица, Кочани, Македонски Брод и Куманово и по еден во Кавадарци, Демир Хисар, Кичево, Тетово и Штип. Во Велес засега нема. Претходно немаше интерес ниту за армискиот проект ,,АРМ мој вистински дом,,.
Tweet |