Петар Печков
Објавено: вторник, 10 април 2012
Проектот „АРМ, мој вистински дом“ со кој требаше да се реши станбеното прашање на голем број припадници на Армијата, пропадна во помалите градови. На огласот што заврши пред неколку денови имало интерес само за купување станови во Скопје, кај касарната Илинден, додека во останатите градови, Кичево, Тетово, Куманово, Велес Штип и Прилеп, скоро и да нема заинтересирани.
Слабиот одзив се должи на неповолната цена на станови во градовите од внатрешноста каде што надвор од проектот можат да се купат комерцијални станови со подобри услови на отплата.
Во Скопје како главен град цените на становите се прилично високи, разликата што се нуди со овој проект во однос на пазарната цена во Скопје е најголема, и, со други зборови, вредноста што ја добива е поголема. Тоа е вистината и ако гледаме од аспект на стандардот, иста плата земаа војниците и во Скопје и во останатите градови, така што на пазарот тие можат приватно, надвор од проектот, да најдат по поволни цени за решавање на станбеното прашање - изјави Бесими.
Ќе го редизајнираме проектот според можностите на вработените во АРМ и ќе се повтори огласот, вели Министерот Бесими со што ќе се постигнат реални услови и поатрактивни цени за добивање станови во другите градови од државата. Во Велес становите требаше да се градат во кругот на касарната Алексо Демнивски Бауман
Tweet |