Петар Печков
Објавено: недела, 10 февруари 2013
Последниот ден саботата можноста за кандидирање како независен кандидат ја искористи едно лице од општина Чашка Дејан Ангеловски. Според неговиот предлагач ги собрале неопходните потписи, за да може да се пријават до ОИК. Тие имале и листа од единаесет кандидати за советници за која исто така ги собрале неопходниот број потписи.
Во Подрачната единица на Државната изборна комисија Велес, во рокот други независни кандидати за градоначалник и советнички листи, за општините Велес и Градско немаше. Партиите имаат можност да кандидираат нивни предлози за градоначалник и советничка листа, до ОИК до сабота на полноќ.
Tweet |