Петар Печков
Објавено: вторник, 28 април 2020
Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.04.2020 година, на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес забраната за движење не ја почитувало едно лице во Велес, соопштија од велешката полиција.
Во овој период нови лица со Решенија за изолација нема, а со Изјава за самоизолација има четири во Велес. Вкупно со Решение во изолација има 86 во Велес а со Изјава за самоизолација има 42 во Велес- информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што сите ги почитувале овие мерки.
Претходно викендот осум лица, по четири во саботата и неделата, во Велес не ја почитувале забраната за движење во период на полициски час. Во однос на претходните денови бројот на лица во самоизолација и во изолација во Велес, опаѓа. Викендот биле по 62 за самоизолација а во изолација биле 96.
Tweet |