речник контакт

Во Велес нема регистрирано случаи на трговија со луѓе

Едукацијата е најдобра превенција, 18 октомври Светски ден на борбата против трговија со луѓе

Петар Печков

По повод 18-ти Октомври – Светскиот ден на борба против трговија со луѓе, се организираше работилница на тема „Превенција од трговија со луѓе“, која беше  посветена на превенција на трговија со малолетни лица. Претставникот од одделот за превенција при МВР потенцираше дека во Велес и поширокиот регион кој го покрива СВР Велес со години нема регистрирано случај на трговија со луѓе.

Последните години, во Велс, Кавадарци и Неготино не се регистрирани случаи на трговија со луѓе. Тоа не значи дека утре нема да има, нема да се случи таков криминален чин. Едукацијата е најдобра превенција  - изјави Димитар  Каракулев самостоен инспектор за превенција при СВР  Велес.  

Како потенцијална опасност зад која се кријат можност од трговија Каракулев ги посочи: понудите за патувања во странство, сомнителни и невалидни  вработувања, работа на борд, каде се нудат примамливи плати, потоа работа како манекенки, фото модели во странство. 

 Позади ваквите агенции има случаи, често дека зад нив стојат трговците со луѓе. Затоа оваа проблематика мора да им се доближи до младите, до овој облик на криминалитет, кој  е веднаш зад трговијата со оружје и трговијата со наркотици. Во светот годишно 2,5 милиони луѓе се предмет на трговија со нив, половина се жени и деца -рече Каракулев. На работилницата, присуствуваа ученици од осмо и деветто одделение од основните и од прва и втора година од средните училишта. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »