Петар Печков
Објавено: среда, 18 декември 2019
Во есенските крводарителски акции, во четирите велешки средни училишта собрани се 80 крвни единици. Од нив 45 се машки а 35 женски дарители. Тоа е далеку помалку од пролетната кога се собраа 118 или ланската есенска кога имало 153 дарители на крв.
Учениците од четврта година, кои можат да даруваат крв и се полнолетни, ги има помалку отколку лани. Така што кога има помалку ученици ќе има и помалку собрани крвни единици - велат од Општинската организација на Црвениот крст од Велес, која заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје беше организатор на акциите.
Последната крводарителска акција се одржа деновиве во Гимназијата Кочо Рацин беа собрани 25 крвни единици. Претходно, почнувајќи од октомври се одржаа и во трите средни, најмногу дарители имаше во Економското „Јовче Тесличков“ каде од 55 ученици во четврта година крв даруваа 26, додека во „Коле Неделковски“ каде учат најмногу 118 ученици се собраа 18 единици, а најмалку во Хемиското „Димитрие Чуповски“ каде од сто ученици крв дарувале само 11. Општинската организација на Црвен Крст на Велес, минатата 2018-та година беше лидер со најмногу дарувани крвни единици.
Tweet |