речник контакт

Во Велес остануваат 22 случаи на позитивни на ковид-19

Регистрирани во велешко се четири нови случаи со кoвид-19 и исто толку оздравени пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко се   регистрирани по четири нови  случаи со кoвид-19 и исто толку  оздравени пациенти.  Со ова  бројката на активни случаи остана на  22 лица. Починати во велешко нема.

Денес, среда    во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени  се  девет   пациенти, двајца повеќе од вчера. Hа Инфективно хоспитализирани  се шестмина  а на Интерно се тројца пациенти. Ново  примен   се четворица а еден е  испишан со еден негативен тест.

„Тројца пациенти се  потврдено позитивни,   непотврдени се две лица  а  негативни се четворица  но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се двајца  пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

фото Снежана Попова

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »