Петар Печков
Објавено: петок, 17 мај 2024
Во Ликовниот салон во Велес отворена е патувачката изложба „Калиопа –Австрија- Македонија“. На неа, на десетина паноа, се претставени жени од Австрија и четири од Македонија. Тие со делата кои ги создале и оставиле, се значајни имиња во историјата на уметноста во двете земји. Изложбата е на Австриската амбасада и ја отвори нивниот амбасадор во Скопје Мартин Памер.
„Калиопа, најстарата и најмудрата муза од античките муза е претствничка на епската поезија, на науката, филозофијата. Оваа изложба е пригода да се потсетиме и регистрираме, колку жените напредувале низ годините, но што треба да направиме за да обезбедиме еднаквост. Низ фотогфраии и текстови од последните 200 години презентираме австриски жени , кои со голeмитe достигнувања, со храбpоста и борбеноста дале белег за својат земја и ја збогатиле нејзината историја. Тоа се познати писателки, научнички, музичарки, активистки за женски права, политичарки, аристократки, владетелки, уметнички. Ќе научиме многу за австриската историја“ – кажа амбасадорот Памер.
Заедничка тема е борбата на жените за еманципација, со сите нејзини триумфи и неуспеси. Од желбите за слобода од периодот на бидермаер до сегашниот 21 век. За изложбата говореше и директорот на ЕВН, компанија која го финсираше богатиот четиријазичен каталог, во кои се впишани сите жени, поставени на паноата. Изложбата во Велес е псотавена во соработка со Народниот музеј. Од Македонија се сликарките Катја Ефтимова, Кираца Висулчева и Лена Стефанова, како и вајарката Борка Аврамова. Изложбата после Велес, заминува во други македонски градови, Битола, Охрид...
Tweet |