речник контакт

Во Велес откриен случај на Конго Кримска хеморагична треска

Пациентот, кој е од Велес е на 42 годишна возраст во стабилна состојба, неколку дена лекуван во велешка болница

Петар Печков

Во доцните вечерни часови на 12.08.2023, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за Јавно Здравје  телефонски е известен за позитивен резултат на Конго Кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Тестирањата се направени на Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден, сабота попладне 12 август.

„Четвртокот 10 август, во 19, 30ч. пациент  пратен од матичен доктор, дојде на Интерно одделение. Тој се жалеше на покачена температура, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење. Прегледан и суспектен за инфектолошко заболување,  препратен на Инфективно одделение. Таму бил и следниот ден, по што саботата  попладне  е префрлен на Инфективна клиника во Скопје“ - кажа д-р- Елена Левкова  Ќулумова, задолжена за односи со јавноста од велешка болница.

„Пациентот е во добра општа здравствена состојба. Лабораториските  резултати се дека пациентот е со намлени тромбоцити. Денешните наоди се уредни. Но не значи дека нема да има развој на болеста.  Можен начин на заразата е неговото хоби, рибарењето, покрај Вардар има многу растенија, влага. Пациентот не забележал, не е свесен, дека е каснат од крлеж, што не значи дека и мора да забележи“-   кажа д-р, Милена Стевановиќ  директорката на Инфективна клиника во Скопје.

„Неговото четиричлено семејство е под медицински надзор, исто така и петмина колеги од болницата во Велес,  кои работеле со пациентот се под медицински надзор.  Препорака рибарите да одат со високи чизми, ловџиите исто така, планинарите кои се движат по планините и шумите да бидат крајно внимателни да носат високи чизми и високи чорапи. Здравствените работници треба да го почитуваат редовниот протокол за работа“ -додаде д-р Стевановиќ. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »