Петар Печков
Објавено: среда, 12 јануари 2022
Дваесет и осум нови заразени со ковид-19, изминатите 24 часа во велешко а оздравени се 14.Ова е здравствениот билтен кој го соопшти Министерството за здравство. Бројот на активни случи во велешко се искачи на 203. Нема починато лице од велешко, од последиците на корона вирусот.
Министерството за здравство соопшти дека заклучно до 10-ти јануари во Велес има пет лица кои се позитивни на новиот сој на ковид „омикрон“. Тој е регистиран во 12 града во земјава.
Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е ист како вчера 24 пациенти. Ново примени се тројца пациенти, испишани се шестмина пациенти со по еден негативен тест.
„Има 11 пациенти кои се позитивни, непотврдени се петмина и осум се негативни. На кислородна поддршка се седум пациенти. Извршен е трансфер на една пациентка од 25 години во Општа Хируршка Болница, поради „Ac appendicitis“ и била позитивна на „covid rapid antigendki test“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 17 а на Интерно одделение седуммина пациенти.
Tweet |