Петар Печков
Објавено: четврток, 06 октомври 2016
Три дена Велес и неговите гости ќе живеат во ритамот на музиката и вкусот на пастрмалијата и виното. Од петок до недела вечер, во градот по 13-ти пат се одржува манифестацијата ,,Велешка питијада,,.
Организаторот Општина Велес обезбеди добра забава, со учество на 15-тина гости, поделени во три вечери, со фолк, поп и рок изведувачи. На бината која ќе биде поставена близу зградата на Гимназијата, на улица Благој Ѓорев ќе настапат познати имиња од македонската но и балканската сцена.
На Питијадата пријавни биле 40 угостители и винарии, кои ќе бидат поставени на 30 штанда. Одредена е цената по која ќе се продаваат пастрмалија и чаша вино а таа е на ланското ниво, 130 пита и 40 денари чаша вино.
Годинава новина е што во сабота, како дел од манифестацијата ќе се одржи изложба на стари автомобили, ,,олдтајмери,,. Организаторот најавува дека и оваа година ќе се подготви џиновска пита пастрмалија, поголема од ланската, која ќе биде презентирана во сабота навечер.
РАСПОРЕД НА НАСТАПИТЕ:
7.10.2016 год. - ПЕТОК
ЕЛЕНА ВЕЛЕСКА 18:30 -19:30
ЈОРДАН МИТЕВ 19:45- 20:45
МАЕСТРО 20:45- 22:15
ЉУБОЈНА И ЏАМБО А. 22:15- 23:45
КАРОЛИНА ГОЧЕВА 23:45 -01:15
8.10.2016 год. САБОТА
АНТОНИЈА ГИГОВСКА 18:15 -18:45
МИКИ СЕКУЛОВСКИ И НАТАША МАЛИНКОВА 18:45 - 20:15
ДАНИ ДИМИТРОВСКА 20:15 -21:15
ТРОПИКО БЕНД 21:15 -22:45
ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ 22:45 - 00:45
9.10.2016 год. - НЕДЕЛА
THE CHICKS 18:15 -18:45
EYE CUE 18:45 - 19:45
НОКАУТ 19:45 -21:15
ДНК 21:15 -22:45
ВАН ГОГ 22:45 -00:45
Tweet |