Петар Печков
Објавено: среда, 10 февруари 2016
Мината седмица во Велес биле забележани 145 зболени лица од грип а недела дена претходно имало само 5 случаи. Така на почетокот на месец февруари грипот зема замав.
Наведените факти говорат во прилог на значително интензивирање на сезонската активност на грип во текот на изминатата недела - изјави д-р епидемиолог Билјана Трајкова од Центарот за јавно здравје Велес.
Симптомите на годинешниот грип се висока температура од 38 до 40 степени, болки во грлото, кашлица, исцедок од носот, објаснуваат докторите.
Tweet |