Петар Печков
Објавено: среда, 25 март 2020
Министерот за здравство на неговиот ФБ излезе со пладневната редовна информација за состојбата со корона вирусот.
Во Македонија се регистрирани 29 нови случаи. Меѓу нив се и првите три случаи во Велес, така градот после Дебар, Скопје, Куманово, Кавадарци, Штип станува ново жариште на корона вирусот. Нови случаи откриени се и во Прилеп, два.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица.
Повќе информации за заболените и како дошло до нивно заразување во неговото обраќање, кое вообичаено се случува околу 15 ч.
Tweet |