Петар Печков
Објавено: недела, 04 октомври 2015
По повод 4-ти Октомври Светскиот ден на животните, Здружението за заштита на животните ЗГ,,Oбезбеди живот” од Велес организираше хуманитарна добротворна акција за собирање на парични средства. Таа е изведена во соработка Фондацијата на академскиот сликар Ангел Петров од Велес. На продажба се понудени 20 пастели, од неговата едиција насловена :“Koњот мојот верен пријател”.
Изложбата е донација од авторот Ангел Петров академски сликар,голем љубител на животните и истата е продажна. Средствата од продажбата на делата се наменети за потребите на бездомните животни како ветеринарни услуги,храна.Желба ни е да собереме средства за набавка на рендген апарат, бидејќи Ветеринарната станица во Велес нема, што ни ги зголемува трошоците при пренос на повредените животни до Скопје - вели Робертино Васков, претседател на здружението.
Tweet |