Петар Печков
Објавено: вторник, 01 февруари 2011
Според податоците од Заводот за здравствена заштита, бројот на заболени од сезонски грип во Велес во последниве две недели е во опаѓање. Изминатата седмица има околу 90-тина новозаболени од грип, колку што биле регистрирани и во третата недела од јануари.
Бројот на заболени првата недела беше 120, а втората се зголеми на 140 или заклучно од почетокот на јануари во Велес до денеска се регистрирани околу 450 заболени од сезонски грип. Ова е вообичаен број за овој период од годината и нема место за паника, но сепак граѓаните треба да биде внимателни - предупредува д-р Билјана Трајкова, специјалист епидемиолог од Заводот за здравствена заштита.
Трајкова потсети граѓаните да избегнуваат масовни собири бидејќи грипот лесно се пренесува преку контакт и да се зголеми внесувањето витамини, преку конзумирање овошје и зеленчук.
Tweet |