Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јуни 2020
Во текот на вчерашниот ден во велешко има три лица кои се водат како оздравени, откако на два теста биле негативни на присуство на ковид-19, информираа од Центарот за јавно здравје Велес. Сите тројца биле на домашно лекување.
Денес, кога во Македонија се регистрираа рекордни 89 случаи на позитивни на корона вирусот, во Велес нема ниту еден. Најголемиот број од новозаразените се од Скопје – 35 случаи, во Штип – 27, во Куманово има 12. Во ова деноноќие починати се седум пациенти, позитивни на ковид-19.
Вчера во Велес имаше еден случај, лице на возраст од 65 години, кој подолго време ги имал симптомите а епидемиолошката анкета покажала дека се води сако сам за себе.
Во велешко има 27 активни случаи со корона вирусот, од нив два се во Скопје, еден во Болницата 8-ми септември и еден во Клиниката за инфективни болести.
На Инфективното одделение од велешката Болница има 14 пациенти, 12 биле позитивни а за двајца се чекале резултати.
Tweet |