речник контакт

Во Велес уапсено лице од Куманово, осудено на 11 години затвор

При апсењето Р.Б. физички нападнал двајца полицајци

Петар Печков

Во близина на Автобуската станица, на пладне е уапсено лице од Куманово, осудено на 11 години затвор. При апсењето физички нападнал двајца од полицајците, кои го апселе. МВР со детали за настанот.

„Денеска 27 јули во 12.20 часот на улица „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(32 год ) од Куманово, со живеалиште во Шуто Оризари, Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Казнено- поправната установа Затвор Идризово за до издржување затворска казна од четири години и 10 месеци, а бил осуден на 11 години и еден месец. При лишувањето тој физички нападнал двајца полициски службеници, по што бил спроведен во Полициската станица Велес за понатамошна постапка“- соопштија од МВР.

По документирање на случајот Р.Б. ќе биде спроведен во казнено- поправната установа за до издржување на казната.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »